„Курир“ стана целосно унгарски

by fokus

Со зголемување на основачки влогови, продолжува да се влева унгарски капитал во медиумите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се случуваат и промени во однос на сопственичката структура, пишува порталот Призма.

Последните податоци од Централниот регистар говорат дека сопственик на Ем медиа, фирмата издавач на порталите Курир, Лидер, Економски и Вистина, станува единствено фирмата со унгарски капитал Адинамик Медиа на унгарската државјанка Агнеш Адамик.

Претходно, сопствеништвото на фирмата го делеа извесен Саше Стојановски и унгарската фирма. Со најновите промени, Стојановски излегува од сопствеништвото, унгарската фирма станува стопроцентен сопственик, а основачкиот влог се зголемува на над 51 илјади евра.

Поврзани новости