Курир и Сител основаа паралелен синдикат на новинари

by fokus 17:35
17:35

Претставници од Курир, Сител, Република и ТВ Нова основаа нов синдикат на новинари, кој всушност ќе биде паралелен, со оглед на тоа што веќе шест години постои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, објави Призма.

Уредници и новинари од Курир, Сител, Република и ТВ Нова се официјални претставници на новиот синдикат на новинари кој вчера и официјално беше впишан во Централниот регистар под името Независен синдикат на новинари на Македонија (НСНМ).

Претседател на синдикатот е  Градимир Марковски, уредник во ТВ Нова. Претставник во новиот синдикат од Сител ќе биде Ивона Талеска, од Република – Билјана Бабиќ, a од Курир – Ивана Ефремовски.

Поврзани новости