Кундерс: На вас останува да си ја побарате слободата, излезете и гласајте!

by fokus

Македонија се соочува со историски крстопат –вели министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, во видео-пораката во која ги повика граѓаните да излезат и да гласаат за нивната иднина.

-За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата – порача Кундерс.

Тој вели дека не може да заземе страна, но негова должност е да ги застапува европските вредности.

-На вас е, како наши пријатели, граѓани и како гласачи од Македонија, да ја побарате слободата и реформите кои се неопходни за приближување на вашата земја кон Европа, кон стабилност и посилна демократија. Излезете на гласачките места на 11 декември и донесете одлука за иднината на вашата земја- порача министерот Кундерс во пораката до македонската јавност.

Поврзани новости