Кумановскиот штаб бара владата да прогласи 14-дневен карантин во општината

by Фокус

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на денешната седница побара од Комисија за заразни болести и Владата да достави епидемиолошка проценка на состојбата со Ковид-19 на територија на кумановската општина и да се произнесе дали досегашните преземени мерки од страна на надлежните се доволни или е потребно носење дополнителни мерки, со оглед дека бројот на заразените е значително зголемен.

На седницата на Штабот, на која присуствува и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбер Адеми, како и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, беше побарано од Владата да ја издвои Општина Куманово од рамките на општите мерки на Владата кои важат за државата, со дополнителна 14-дневна, 24 часовна изолација.

Меѓу посебните мерки кои треба да важат во вакви услови, се наведува во соопштението од седницата, се дозволи за лица ангажирани и во стопанството и институциите, пунткови за влез и излез, дезинфекција на возила, патници, транспорт на намирници, енергетски потреби за институциите кои се борат против епидемијата, доставана на храна за домаќинства, поголем број оператори.

Воедно, од штабот бараат да се одреди начин на фрлање на смет од домаќинства со позитивни случаи, да се обезбеди дополителна заштитна опрема за граѓани, задолжително носење маски и ракавици за сите на отворено, МТСП активно да ја следи состојбатата кај социјално загорозените и лица со посебни потреби, да дели храна, деизнфекција и опрема.

Поврзани новости