Куманово бара повеќе пунктови за тестирање и поголема активност на матичните лекари

by fokus 18:00
18:00

Кризниот штаб при општина Куманово денеска побара отворање повеќе пунктови за тестирање, како и Министерството за здравство да го ревидира работењето на матичните лекари, бидејќи граѓаните се жалат дека дел од нив се пасивни.

-Се препорачува на сите матични лекари и здравствени установи на територија на Општина Куманово, да ги почитуваат препораките од Министерство за здравство во однос на борбата за справување со вирусот ковид-19 и воедно бараме од Министерството за здравство да изврши контрола на работењето на матичните лекари поради голем број поплаки коишто доаѓаат од страна на пациенти за пасивност на одредени матични лекари и амбуланти, како и заради намалување на непотребни пријави до Центарот за јавно здравје, се вели во соопштението на Кризниот штаб.

- Advertisements -

Општинскиот штаб и понатаму стои на ставот дека е потребен целосен карантин на територија на општина Куманово.

Поврзани новости