Куманово бара двојно да се зголемат термините за тестирање за корона вирус

by fokus 15:56
15:56

Министерството за здравство да обезбеди двојно повеќе термини за тестирањe поради зголемен број заболени од корона вирус, побара Oпштинскиот кризен штаб на Куманово. Од Штабот бараат Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да ја разгледаат потребата од носење нови или промена на постоечки протоколи, а граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита. Ова се дел од заклучоците кои ги донесе Општинскиот кризен штаб на 52-та седница.

-Поради зголемен број на заболени лица од коронавирус, како и немање термини за тестирање, бараме од Министерство за здравство барем двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку МојТермин за Општина Куманово. Поради зголемен број заболени лица, како и обезбедување соодветен третман за нивно лекување (преглед, насочување, хоспитализација и слично) бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да ја разгледа потребата од донесување нови или промени на постоечките протоколи, се вели во соопштението на Штабот.

- Advertisements -

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки на Владата – физичка дистанца од два метра, носење заштитни маски и новата мерка – забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, цела седмица, со дефинирани исклучоци. Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира, се наведува во соппштението.

Поврзани новости