Кумановец, заразен со корона вирусот, наместо да седи во изолација, заминал за Австрија

by fokus

Жител на кумановското село Лопате доби кривична пријава, бидејќи наместо да седи во изолација, по позитивен тест на Ковид-19, тој заминал за Австрија.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(50) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време не епидемија“. На 12.06.2020, од страна на Центарот за јавно здравје бил доставен список во СВР Куманово, во кој се наоѓал пријавениот, а при извршена контрола на 16.06.2020 од полициски службеници од СВР Куманово, било констатирано дека тој на 11.06.2020, покрај изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Р.Австрија, без притоа да ги почитува постоечките протоколи, а со тоа го сторил и кривичното дело, велат од МВР.

Поврзани новости