Кумановец загина по пад од мотор

by fokus

Четириесет и шестгодишен кумановец починал синоќа откако изгубил контрола над моторот и паднал на коловозот.

-На 30.04.2019 година во 23,55 часот било пријавено дека во Куманово на паркингот од улицата “Пиринска Македонија“ пред градскиот базен, Р.Г.(46) од Куманово управувајќи мопед „Лингбен“ со кумановски регистерски таблици, изгубил контрола и удрил во рабник од острово со зелена површина, по што паднал на коловозот. Р.Г. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости