Кумановец украл паричник во приватна болница во Скопје

by Fokus 12:10
12:10

Приведен е крадец кој одзел паричник во приватна здравствена установа во Скопје. Во паричникот имало 15.000 денари и две платежни картички.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела, признал дека направил грабеж во приватна здравстена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје.

- Advertisements -

-По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30.000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. е пронајдена и бела прашкаста материја, стои во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, против Г.П ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости