Кумановец тешко повреден откако му експлодирала плинска боца

by fokus

Вчера претпладне, 28-годишен маж од Куманово бил донесен во Клинички центар откако му екслпдорала плинска боца.

„На 05.12.2019 околу 10.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во с.Доброшане, кумановско, во сопственост на Ф.Т.(28), настанала експлозија на плинска боца, при што бил повреден Ф.Т. Според пријавеното, тој запалил  шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала. Ф.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости