Кумановец со остар предмет ја нападнал сопругата на плоштад

by Fokus

Вчера попладне, кумановец со остар предмет ја нападнал сопругата, со која не живееле заедно и претходно имале расправии.

„Во 18.45 часот вчера во Куманово бил лишен од слобода С.Т.(45) од селото Речица затоа што со остар предмет на плоштад „Маршал Тито” ја нападнал сопругата Л.Т.(43) од с.Речица, кумановско, со која не живееле заедно и претходно имале расправии, но по интервенција на полициски службеник бил спречен во намерата.

С.Т. и претходно ја нападнал Л.Т. во домот. По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости