Кумановец избегал од изолација, па со полиција го враќале на граничниот премин Блаце – казна 2.000 евра

by fokus

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за изрекување казни од по 2 000 евра за три лица од Скопје за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од кои две за непочитување на полициски час и еден за прекршување на задолжителна самоизолација по враќање од странство.
Едно од лицата за кои се бара казна, стигнал вчера на граничниот премин Блце, каде потпишач изјава дека ќе биде во изолација 14 дена во кумановското село Никуштак бидејќи се враќал од земја со ризик за ширење на заразниот корона вирус.
Но, наместо да седи во собата за излоација на граничниот премин, избегал откако претходно со негов познаник по телефон се договорил да го земе автомобил и тргнале накај Скопје. Полицајците тргнале по нив и кај местото викано Вражји Вир, на околу еден километар од граничниот премин, ги запреле и ги вратиле на преминот, информриаат од ОЈО.

Останатите две обвинети лица, информираат од ОЈО, и двете на возраст од 20 години, на 25 март во 23:50 часот биле затекнати како се движат по улица „Јадранска Магистрала“, со што не постапиле според Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежните јавни обвинители за трите обвинети лица му предложија на Основниот кривичен суд да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​ Лицата се обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани новости