Кумановец доби кривична пријава затоа тоа што со фалсификувана диплома работел во фирма

by Fokus

Жител на Куманово доби кривична пријава поради фалсификување исправа, благодарение на која бил вработен во фирма од 2006 година.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(51) од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Р.С. во текот на 2016, откако претходно имал завршено III степен на образование во СОУ„Киро Бурназ“ Куманово, за што поседувал диплома, со која бил и вработен во приватна фирма од Куманово од 2006 година, со цел да се здобие со четврт степен на образование, а и поради потребата при вработувањето да има најмалку IV-ти степен ниво на класификација, набавил фалсификувана исправа со невистинита содржина „диплома“, за положен завршен испит и свидетелство за завршена IV-та година, со невистинита содржина, од средно училиште од Скопје. Притоа, фалсификуваната диплома ја приложил како вистинита во два наврата, и тоа во 2017 во Агенција за вработување и во 2020 во приватна фирма од Куманово“, велат од МВР.

Поврзани новости