Куман: Холандија повторно ќе игра напаѓачки фудбал

by Fokus

Повратникот на селекторската клупа Роналд Куман најави денеска враќање на холандската фудбалска репрезентација кон атрактивен и напаѓачки стил на игра.

„Во Холандија се обидуваме да играме, а тоа често е најтешкиот пат, добар, атрактивен, напаѓачки фудбал. Навистина сакаме да се вратиме на тоа“, изјави Куман на денешната промоција на селекторската клупа на холандската репрезентација.

Куман на клупата доаѓа на местото на Луј ван Гал (71), кој поднесе оставка на должноста, откако Холандија беше елиминирана во четвртфиналето на Мундијалот во Катар од Аргентина на пенали.

Во неговиот трет и последен мандат Холандија забележа 14 победи и шест ремија на 20 натпревари.

„Дваесет натпревари без пораз, би било неверојатно да успеам во тоа. Меѓутоа, мислам дека тоа може да се направи поинаку и сакам тоа да го направам поинаку“, рече Куман.

За 59-годишниот стратег ова е втор селекторски мандат на клупата на Холандиоја, која ја предводеше од 2018 до 2020 година

Поврзани новости