Кулеба до НАТО: Ако не ни помогнете, крвта на Украинците ќе биде на вашите раце

by Fokus

Партнерите да го затворат воздушниот простор над Украина, инаку, крвта на Украинците, убиени од Русија, ќе биде на нивните раце, нагласи украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

Кулеба го изјави ова за време на заедничко емитување на украинските ТВ канали „Ние сме силни заедно“ (We are strong together), јави репортер на Укринформ.

– Ние им кажуваме многу јасно и смирено на нашите НАТО партнери, може да размислуваш колку сакаш околу тоа, како да избегнеш конфронтација со Русија, но, ако не ни помогнеш да ја запреме сега, директна конфронтација ќе биде неизбежна, бидејќи ти ќе бидеш следен, истакна Кулеба.

Оние кои веруваат дека Русија нема да се осмели да ги нападне земјите членки на НАТО, додаде министерот, треба да се сетат дека, не веруваа ни оти Кремљ планира да почне директна војна со Украина.

– И сите згрешија. Затоа е неопходно да се дејствува сега, појасни Кулеба.

Според него, прашањето за затворање на небото над Украина, е навистина важно. Како што тој додаде, има повеќе сценарија. На пример, можно е да не се затвори целиот воздушен простор, туку само дел, можно е да не се покрие небото, туку да се обезбеди снабдување со борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана за украинските вооружени сили.

– Сега се во тек сите сценарија. Но, сите треба да разберат, ние им кажуваме јасно на нашите партнери: „Ви благодариме за сè што направивте… но, сега постои конкретна закана – да се продолжи со убивање на нашите граѓани од воздух… па, затоа ако не преземете радикални чекори за зајакнување на воздушната одбрана на Украина, крвта на нашите мртви граѓани ќе биде на вашите раце. Вашата воздржаност и вашата неподготвеност да ги преземете следните чекори – сето ова ѝ дава шанса на Русија да продолжи со убиства, без казна, нагласи министерот.

Поврзани новости