Куќата на Атиџе ќе добие нов кров: Следејќи го твојот пример, можеме да го зачуваме светот за генерациите после нас

by fokus

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова ќе добие нов кров на нејзината куќа во село Дорфулија.

Потпреседателот на СДСМ, Коста Петров на својот профил на Фејсбук информираше дека градоначалникот Ацо Велковски ќе се погрижи за куќата на Атиџе.

„Атиџе ти си жив пример за одржливост и ти благодариме за сите животни лекции, но најмногу за „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Единствено следејќи го твојот пример можеме да го зачуваме светот за генерациите кои доаѓаат после нас“, напиша Петров на својот профил на Фејсбук.

Фото – Фејсбук на Коста Петров

Поврзани новости