Кукан: Во недела гласајте за европска иднина

by fokus

Во видео порака до граѓаните на Македонија, европратеникот од европската десница, ЕПП, ги повика граѓаните да гласаат в недела и да го поддржат Договорот со Грција.

– В недела луѓето во Македонија ќе гласаат за иднината на нивната земја, за европската иднина на нивната земја. Ова е навистина историски миг и ги повикувам сите во земјата да излезат и да го искористат своето право да дадат мислење за иднината на Македонија. Не само тоа, затоа што позитивните гласови ќе го расчистат патот и забрзаат патот кон европските структури, за да ги исполнат амбициите на македонскиот народ, мислам дека треба да ја искористат оваа можност, треба да учествуваат во референдумот и да дадат глас “за“ за да ја обезбедат својата европска иднина, порача Кукан преку видео порака.

Поврзани новости