Ќучук: ЕУ ги негува и правата на малцинствата

„Темата за историјата требаше одамна да биде оставена на историчарите.“

by fokus

Секако двете страни треба да се вратат на преговарачката маса и треба да се искористат сите можности за да се воспостави довербата.Тоа е најдобриот начин Договорот од 2017 година да се исполни. Гледам дека има огромни напори  од двете страни, и од Скопје и од Софија,  за да се стават на маса отворените прашања и да се најде нивно решение што ќе даде сериозна основа за да започне Првата меѓувладина конференција, вели европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук.

Тој вечерва во интервју за ТВ Сител посочи дека Бугарија уште е во процес на формирање влада, има четири политички сили кои заседаваат и оти се  очекува во најкус рок да излезат со заклучоци и да направат влада.

Сите, посочува, сме сме заинтерсирани целиот регион да биде дел од ЕУ, тоа е во стратешки интерес на Бугарија, јас сметам така, а на мое задоволство огромен дел на бугарското опшетство  и голем дел од политичките партии мислат така.  Треба да има задоволителна соработка и има добра основа за сите клучни  прашања.

-Не може Бугарија и Северна Македонија кои се две најблиски држави да не најдат пат кон ЕУ. Да имаат  заеднички активности во различни дејности, да започнеме од образованието, културата, инфраструктурните проекти, да поминеме на дигитализацијата и можностите  кои ни ги дава ЕУ со зелената трансформација. Тоа се теми кои треба да бидат дел од разговорите во иднината, порача Ќучук.

Темата за историјата,  наведе, требаше одамна да биде оставена на историчарите. Инсистирањето историските теми  да бидат главни прашања меѓу двете страни се виде дека создава огромни проблеми.

-Историските прашања не може да бидат надминати во рок од неколку месеци или неколку години. Заедно со овие историски прашања ние треба да мислиме и за иднината, за перспективата која треба да дојде и од економскиот  развој и од човечките права. ЕУ ги негува сите демократски стандарди, а тоа вклучува човечки права и правата на малцинствата, рече европратеникот.

Поврзани новости