Ќучук: Договорот со Бугарија става запирка и значи дека сме имале многу заеднички работи

by fokus

Европратеникот и известувач за Македонија, Илхан Ќучук во интервју за „Трилинг“ ги спореди договорите на Македонија со Бугарија и со Грција и потенцираше дека тие се многу различни.

-Блокадата не помага ниту на ЕУ, ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија. Треба да се изгради доверба кон договорот. Нема разговор кој е лесен кога зборуваме за исторски процеси. Сметам дека Договорот посатави една многу добра основа, а тоа е поимот заедничка историја. Само низ разговор за заедничка историја можеме да погледнеме кон заедничкото минато. Има една суштинска разлика меѓу Договорот од Преспа и Договорот за пријателство. Ако Договорот со Грција става точка на спорот и вели дека на исторски план двата народи немале ништо заедничко, Договорот со Бугарија става запирка. Става запирка и додава реченица дека сме имале многу заеднички работи, но тоа не задолжува во денешното време да ги поставиме важните прашања за иднината, смета Ќучук.

Поврзани новости