Кучето Жучо кое не ги напушти спасувачките екипи во Обреновац, патува за Германија!

by Фокус

Тој е најмалиот херој од Обреновац. Станал постојан „член“ на германските спасувачки екипи кои секојдневно биле во Обреновац за време на поплавите, спасувале животни, им ги враќале на газдите, им пружале ветеринарна помош. Спасувачите му го дале името Жучо.

„Го најдовме првиот ден во Обреновац. Беше на суво. Тргнавме со чамецот, но тој веднаш скокна во него и не сакаше да си оди. Тогаш ни стана јасно – на нашата спасувачка екипа и се придружи уште еден член“, изјавиле ветеринарите за српските медиуми.

И така било со денови. Жучо ја слеедел екипата, одел со нив за време на спасувачките мисии, а кога тие работеле, стоел покрај нив и посматрал. И така секој ден.

Ова весело кутре ги освоило срцата на познатата германска ветеринарна екипа „Vier Pfoten“ (Четири шепи). Така паднала одлуката – Жучо ќе патува за Германија. Сега германската екипа освен што работи на спасувањето на животните кои страдаат по поплавите во Србија, ја средува и документацијата за малиот херој да може да отпатува.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи масовно се бара привремен дом за Жучо, додека тој да замине во друга држава.

Среќен пат, среќно куче!

 

Поврзани новости