Куче скитник нападнало 12-годишно девојче во Скопје

by fokus

Вчеравечер, околу 20.30 часот 12-годишно девојче било каснато од куче-скитник на десната и левата потколеница.

„На 4 април 2019 година во Полициската станица Чаир, К.А.(31) од Скопје пријавил дека на 3 април 2019 околу 20.30 часот на улица „Диме Мечето“ неговата 12 – годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната и левата потколеница“, велат од МВР.

Поврзани новости