Куче нападнало минувачи во Аеродром, испокасани две жени и четири деца

by fokus

Две жени и неколку деца се повредени откако ги нападнало куќе скитник синоќа во Аеродром. Според Министерството за внатрешни работи настанот се случил помеѓу 22 и 02 часот на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.

Во полициска станица во Аеродром шест лица пријавиле дека биле каснати од кучето. Станува збор за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години. Во меѓувреме била известена и шинтерската служба.

Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица. Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ.

На АСНОМ исто  така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе. Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.

Поврзани новости