Куче каснало девојка во Охрид, а во меѓувреме отруена е кучка со четири мали кучиња

by Fokus

Куче каснало 25-годишна девојка од Охрид, а во меѓувреме била отруена кучка со четири мали кучиња, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во Охрид, Д.А. (25) од с. Косел, охридско пријавила дека истиот ден околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „.Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило  црно куче и ја каснало во задниот дел од  десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во болницата во Охрид..

Исто така, во Охрид било пријавено труење на кучка со четири мали кучиња. Мртвите кучиња биле забележани во двор на ул.„Цар Самоил“ во Охрид. Истиот ден, во СВР Охрид, од страна на граѓанин бил пријавен уште еден случај на труење на куче кое било забележано на ул. „Даме Груев“. Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство. Кучињата биле подигнати од вработени во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Поврзани новости