Кубанската вакцина „Соберана 2“ е ефикасна 91,2 отсто

by Fokus

Истражување спроведено во Куба наведува дека нивната вакцина која се прима во две дози – Соберана 2, со засилувач наречен Соберана Плус, покажала ефикасност во 91,2 отсто од случаите.

Минатиот месец, другата кубанска вакцина Абдала покажа ефикасност од 92,28 проценти.

Кубанскиот сектор за биотехнологија има долга историја на развој на вакцини, произведувајќи 80 проценти од вакцините кои се користат во земјата и се извезуваат.

Куба е првата карипска земја која успешно разви вакцина против коронавирусот.

На Куба се развиваат пет вакцини против Ковид-19, а се очекува Абдала и Соберана 2 да бидат одобрени на локално ниво, за да може Светската здравствена организација да ги користи.

Поврзани новости