КСС се изреволтирани од Царовска, барат зголемување на платите во јавниот сектор

by fokus

Конфедерација на слободни синдикати бара зголемување на платите во јавниот сектор за 19 отсто, во согласност со зголемувањето на минималната плата. Тие се изреволтрани од односот на министерката за туд и социјална политика, Мила Царовска, која не ги повикала да присуствуваат на состанокот на економско-социјалниот совет на кој се носела одлуката за зголемувањето на минималната плата во Македонија.

Доколку владата не ги ги повика на состанок во економско-социјалниот совет и не им го исполнат барањето, најавуваат радикални протести.

Од КСС велат дека имаат над 70 илјади членство. Во оваа организација членуваат поголемиот дел од вработените во јавниот сектор.

 

Поврзани новости