Крвава слика во Аеродром, улични кучиња биле убиени со секира

by Фокус

Жители на скопската населба Аеродром биле згрозени откако утрово затекнале стравична слика на мртви улични кучиња, кои биле искасапени со секира.

Како што сведочат граѓани на социјалните мрежи, тие пронашле едно куче мртво, друго првично било живо ама во меѓувреме и тоа подлегнало на повредите, додека третото се уште не е пронајдено.

Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи и веќе се работи на расветлување на крвавиот инцидент.

Поврзани новости