Крвав референдум во Турција, загинаа две лица

by fokus

Две лица загинаа физичка пресметка која изби пред избирачко место во југоисточната провинција Дијарбакир за време на гласање на референдумот за зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Како што јавуваат турските медиуми, расправијата меѓу две семејства избила во школски двор во село на југоисток во Турција, но засега не се знае причината поради која избила кавгата.

Според дел од медиумите, причината била различните политички ставови.

По тепачката, едно лице е хоспитализирано, додека две се приведени.

Извор: Мета

Поврзани новости