Крушевскиот градоначалник до туристите: Бидете одговорни!

by Fokus

Во последните две седмици се зголеми бројот на заразени од корона вирусот и во Крушево, иако пред еден месец немаше ниту еден регистриран случај на опасната зараза во оваа општина.

Градоначалникот на градот, Томе Христоски, упати апел до туристите но и до неговите сограѓани – да бидат одговорни и да се заштитат од Ковид-19.

„Оваа година беше тешка за сите нас. Тешка за бизнисот, за угостителскиот сектор, а најмногу за нашите сограѓани здравствениот работници од ЈЗУ Здравствен Дом Крушево. Да мислиме на сите погодени од оваа криза, но најмногу на ум да ги имаме нашите најблиски и да си овозможиме мирна зима во која ќе можеме да бидеме послободни во движењето и да се чувствуваме покомфорно во нашата општина.Упатувам апел и до туристите. Крушево ги зголемува својата популарност и атрактивност од туристички аспект. Од сите нас па и од туристите зависи каква зимска сезона ќе имаме оваа 2020-та и почетокот на 2021-ва. Ги повикувам и туристите да бидат одговорни додека се восхитуваат на убавините на нашиот град. Заеднички да си го зачуваме, за нас, нашиот дом, а за туристите местото за одмор“, се вели во објавата на Христоски.

Поврзани новости