Крсте Мукоски од ВМРО – ДПМНЕ бара лидерска средба

by fokus 13:25
13:25

Според пратеници од ВМРО – ДПМНЕ потребно е да се свика лидерска средба на која компромисно би се решавале отворените прашања.

„Почитувани колеги, ги рушиме рекордите, веќе 17 дена бараме дебата и одговор на прашањата. За жал, она што го избра СДСМ е несреќно решние за Македонија. Според мене, повеќе од јасно е дека е време да се седне на заедничка маса и да се отворат сите прашања и да се решаваат со компромис. Во неколку наврати реков и уште еднаш ќе упатам апел за лидерска средба за добро на Република Македонија“, рече Крсто Мукоски , патеник од ВМРО- ДПМНЕ.

- Advertisements -

Патеничката Благица Ласовска рече дека треба да се најде решение кое ќе биде во согласност со Уставот и националните интереси на државата.

„И оние кои гласале за СДСМ, се чувствуваат постизборно измамени.Тие гласале за економска, а не за некоја тиранска платформа. Затоа токму пратениците од СДСМ треба да одговараат на овие прашања за кои ние со денови бараме одговор“, рече Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

На говорот на Ласовоска има пријавено над 30 пратеници за реплики од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од почетокот досега исцрпена е дебатата по 10-тина пратенци од 50 пријавени за збор.

Од СДСМ засега нема пријавени за говор, ниту за процедурална забелешка.

Поврзани новости