Крмов: Донесена е полиција од цела држава!

by fokus 18:25
18:25

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, ги предупредува граѓаните кои што вечерва ќе излезат на протест пред Владата да бидат внимателни, зошто како што вели, власта сакала да исценира инцидент.

-Власта планира со уфрлени провокатори да исценира инцидент и да тепа и апси! Донесена е полиција од цела држава!

Затоа, само внимателно без фантомки и на дистанца да не им влеземе во замката.

Власт што удира на својот народ не е власт. Готови се!, напиша Крмов на фејсбук.

Поврзани новости