Кривичниот суд утре одново ќе одлучува дали ќе му одреди притвор на Кочан

by fokus 19:03
19:03

Кривичниот суд во Скопје утре ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, пренесе ПлусИнфо. Сослушувањето е закажано за во 10 часот. Повторното одлучување на Кривичниот суд за притворот на Кочан следува откако во петокот минатата недела Врховниот суд, постапувајќи по барање за заштита на законитоста, доставено од Јавното обвинителство, реши да ги укине претходните одлуки на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје.

Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 1, а Кривичниот совет на овој суд вчера експресно ја спроведе пресудата и предметот го врати на почетокот, односно кај судија на претходна постапка.

- Advertisements -

Кочан, по два месеци во бегство, се врати назад во земјава и, според информациите во медиумите, е хоспитализиран на Клиниката за кардиологија.

Поврзани новости