Кривичниот суд повторно ќе одлучува дали ќе му биде одреден притвор на бизнисменот Кочан

by fokus

Откако Врховниот суд во петокот го укина притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“ на СЈО, сега на потег е Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој треба да донесе одлука дали на бизнисменот повторно ќе му одреди притвор или ќе остане на слобода.

Поточно, Врховниот суд ги укина решенијата на Кривичниот суд и на Апелација, кои донесоа одлука бизнисменот да оди во притвор, а постапувајќи по жалба поднесена од СЈО, бидејќи првично судијата на претходна постапка не му одреди притвор на Кочан, туку го остави да се брани од слобода. Сега Основниот суд Скопје 1 повторно ќе одлучува дали ќе има или нема притвор, бидејќи предметот се враќа во фазата кога повторно ќе се одлучува по жалбата на СЈО против решението на судијата на претходна постапка.

-Укинати се решенијата и сега Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ќе одлучува по жалбата на СЈО против решението на судијата на претходна постапка, појаснува Јово Вангеловски за „Фокус“.

Врховниот суд одлуката за укинување на притворот ја донесе постапувајќи по Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) кое го поднесе републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

В.В.

Поврзани новости