Кривичниот суд му отфрли уште едно барање на СЈО за изземање на судија

by fokus 16:15
16:15

Кривичниот суд, предмaлку, соопшти дека го одбива барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката, која постапува по случајот „Трезор“.

-Постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за изземање на судија на претходна постапка кој треба да одлучува по предлог на истото обвинителството за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“, Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навел во своето барање, велат од судот додавајќи дека на истото решение, со оглед дека се работи за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

- Advertisements -

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“ поради релации со фирмата „Финзи”.

Односно, како што веќе објави Фокус, СЈО побара изземање на судијката Елена Јосифовиќ поради сомневање во нејзината непристрастност, затоа што постоел должнички однос на едно правно лице застапувано од нејзиниот девер Ненад Јосифович кон фирмата Финзи.

Од Судот пак, велат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија дека намерно ги одолговлекува постапките.

 

Поврзани новости