Кривичниот суд ги прибира документите за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

by fokus

Кривичниот суд постапува по барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, односно ги прибира потребните документи, кои треба да се испратат на грчките власти, кои пак врз основа на нив ќе одлучат дали двајцата бегалци ќе бидат екстрадирани во земјава.

Од судот информираат дека Кривичен совет од одделението за организиран криминал работи на барањето кое преку Апелацискиот суд пристигна од Министерството за правда уште во петокот.

Од министерството за правда, надлежно за екстрадицијата на двајцата поранешни началници во УБК, пренесуваат дека барањето е испратено до надлежниот суд кој треба да ја собере целата документација за отпочнување на постапката за екстрадиција и посочија дека ќе се постапува по домашната законска регулатива и меѓународните конвенции за екстрадиција.

Поврзани новости