Кривичниот совет одлучува дали ќе има притвор за Кочан

by fokus 13:03
13:03

Откако СЈО поднесе жалба на неодредувањето притвор за бизнисменот Сеад Кочан, Кривичниот совет денеска имаше седница на која обвинители од СЈО и одбраната на Кочан ги соочија своите аргументи.

Според СЈО, постојат индиции Кочан да го повтори делото и дека гаранцијата што ја има дадено не е доволна за тој да не го повтори делото.

- Advertisements -

Одбраната на Кочан тврди дека паричната гаранција во износ од речиси еден милион евра, која ја доставил Кочан, е легитимна и е пракса на сите демократски држави и поради тоа СЈО нема причина повторно да бара притвор.

Кривичниот совет сега има рок од 48 часа да одговори на жалбата на СЈО, односно да одлучи дали ќе му биде одреден притвор на Кочан или не.

Поврзани новости