Кривични пријави за поранешни директори на Агенцијата за филм

by fokus

Финансиската полиција поднесе нови кривични пријави против поранешните директори на Агенцијата за филм како и против претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за филм за злоупотреба на службената положба.

Според кривичната пријава, двајцата поранешни директори спротивно на законот му овозможиле на претседателот на УО истовремено да учествува како филмски работник, директор на фотографија и кинематографер, во реализација на десет филмски проекти финансирани од Агенцијата за филм, а кои претходно ги одобрил самиот тој.

Со тоа тој прибавил корист за себе од над 100.000 евра преку неколку продуцентски куќи.

Поврзани новости