Кривична за струмичанец, изнајмил возило и не го вратил

by fokus

Кривична пријава е поднесена против 22-годишен жител на Струмица кој изнајмил возило од рент-а-кар агенција и не го вратил.

Пријавата е поднесена против Н.П. за „затајување“. Тој на  18 февруари изнајмил „фиат 500” и според договорот требало да го врати на 20 февруари. Откако истекол рокот за враќање, тој не го вратил возилото, ниту пак одговарал на телефонските повици.

На овој начин, Н.П. се стекнал со противправна имотна корист од околу 14.000 евра денари на штета на рент-а-кар агенцијата.

Поврзани новости