Кривична за Македонката која го оставила детето на топло во заклучен автомобил во Хрватска

by Fokus

Полицијата во хрватскиот град Пула спроведе кривична истрага против 28-годишната државјанка на Северна Македонија поради сомнение дека сторила кривично дело повреда на правата на дете и најави поднесување кривична пријава.

Полицијата утврдила дека таа вчера околу 15 минути го оставила детето во заклучен автомобил БМВ со риечки регистарски таблички, со што, велат, грубо ги нарушила правата на детето.

Детето во заклучениот автомобил го забележал граѓанин кој ја известил полицијата, која дошла на местото на настанот, ја отворила вратата од автомобилот и го извадила детето.

 

Поврзани новости