Кривична за кумановец кој со фалсификувана диплома предавал математика

by fokus

Жител на Куманово заработи кривична пријава поради сторено кривично дело „фалсификување исправа“, пренесуваат од МВР.

„СВР-Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава број против С.З.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378, став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, Р.Косово, со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил Договор за работа и засновал работен однос на определено време. До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од Буџетот на Р.С. Македонија, во износ од платите што му биле исплаќани од 01.12.2011 до 05.05.2017“, велат од МВР.

Поврзани новости