Кривична за директорот на Водовод за факултетската диплома

by fokus 15:06
15:06

Директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Александар Атанасов заработи кривична пријава за измама од Синдикатот за туризам и стопанство поради неговото директорување без признаена диплома, објави ТВ 24.

Кривичната е поднесена од Синдикатот за туризам и стопанство, бидејќи тие тврдат дека Атанасов е директор без валидна диплома. Според нив, трудовите инспектори му ја барале на увид дипломата која тој ја приложил при своето вработување, но Атанасов одбива да ја даде.

Претседателот на Синдикатот Дарко Димовски покажа документи според кои Министерството за образование и наука му укажува на Атанасов дека неговата диплома не може да биде признаена, бидејќи не е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани на Шангајскиот универзитет.

-Неговата диплома за завршен колеџ во Грција не е призната, за што бил известен од Министерството за образование, но тој тоа не го посочил при поднесувањето документи на конкурсот за директор на Водовод. Дополнително сѐ уште не му е признато ниту средното образование кое го завршил во САД, што значи дека е избран на незаконски начин и сите одлуки кои ги носи се незаконски и невалидни, па и онаа каде што стави потпис на кредитот за изградба на зградата, рече Димовски.

Синдикатот обвини и дека првиот човек на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, Александар Атанасов, незаконски отпушта и деградира работници кои партиски не му одговараат.

Поврзани новости