Кривична за директор на основно училиште во Крива Паланка, злоупотребил околу 20 000 евра

by Fokus 16:28
16:28

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Р.(60) и С.Р., двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и против П.В.(68) и правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги „БЕЛЕШКОВ-ИНЖЕНЕРИНГ “ ДООЕЛ увоз-извоз, Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 15.09.2016, првопријавениот, во својство на директор на основно училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, без да обезбеди решение за изведба на градба од општина Крива Паланка, донел Одлука за јавна набавка на работи – реконструкција на постоечка ограда на дворно место во ПОУ „Јоаким Крчовски“ во с.Жидилово, кривопаланечко, и реконструкција на тротоар во матичниот објект во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка, со барање за прибирање на понуди со објавување на јавен оглас во Електронскиот систем за јавни набавки, по што на огласот како понудувач аплицирало пријавеното правно лице и со него бил склучен договор. По ова, пријавениот П.В., без да ја побара техничка документација и дозвола за градба, ги извршил наведените работи, за што доставил фактура во износ од околу 1.256.700 денари, средства кои  биле наплатени од сметка на ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка. Во врска со тоа, пријавениот, кој бил надзорен инженер по архитектура, овластен од фирма од Крива Паланка, извршил стручен надзор без да ја побара потребната техничка документација и решението за градба, за што изготвил извештај и доставил фактура во износ од 14.160 денари, која била наплатена од сметка на ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка. На овој начин, пријавените го оштетиле буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од околу 1.270.860 денари.

- Advertisements -

 

Поврзани новости