Кривична против фирмата „Јованов Транс“ за нелегален ископ на минерални суровини

by fokus 13:26
13:26

Против фирмата „ЈОВАНОВ ТРАНС“ ДООЕЛ с. Јакимово, Виница е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. Кривична е поднесена и против 30-годишниот И.Ј од с. Јакимово-Виница, управител  во фирмата.

Според полицијата на 25.07.2017 година фирмата вршела незаконски ископ на минерални суровини од место викано „Чифличко Поле“ во  близина на реката Осојница, атар на Виница, од катастерска  парцела,  за којашто, друго правно лице, односно фирма од Виница, поседувала дозвола за експлоатација, со што е причинета материјална штета  од 216.450 денари.

- Advertisements -

Поврзани новости