Кривична против 18-годишник затоа што нападнал полицаец на натпревар на „Работничи“

by fokus

Против тинејџер на возраст од 18 години е поднесена кривична пријава затоа што на натпревар на кошаркарскиот клуб „Работнички“ во март годинава, нападнал полициски службеник.

Според полицијата, 18-годишниот Д.А. од Скопје, заедно со други навивачи, ги навредувале полициските службеници и го нарушувале јавниот ред и мир. Полицаецот се обидел да го приведе, но Д.А. се опирал на тоа и го нападнал.

Инцидентот се случил во Спортскиот Центар – Работнички, на кошаркарскиот напревар помеѓу кошаркарските клубови “Работнички“ и “Куманово“.

Поврзани новости