Кривична пријава за затајување во ресторанот „Белведере“

by fokus

Вработен во кујната во ресторанот „Белведере“ во Охрид и битолчанец вработен во фабриката за производство на сладолед „Цермат – Битола заработија кривична пријава за „затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Според пријавата на Секторот за внатрешни работи во Охрид готвачот од „Белведере“ ставал потписи на фактури за влез на стоки во ресторанот кои што ги доставувал битолчанецот Д.А. а при тоа робата воопшто не била примена во ресторанот. Според Министерството за внатрешни работи готвачот за тоа имал усна дозвола од неговата претпоставена, а од Д.А., пак, добивал одредена сума како награда.

Од МВР проценуваат дека двајцата осомничени на овој начин се стекнале со противправна имотна корист и предизвикале материјална штета од 125.337 денари.

Поврзани новости