Кривична пријава за тепачите на тетовскиот лекар

by Fokus

Кривична пријава денеска заработија браќата од тетовска Голема Речица за претепувањето на лекарот од тетовската Клиничка болница.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9:30 часот, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ).

А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Поврзани новости