Кривична пријава за Славчо Трповски, екс директорот на Катастар

by fokus

Против поранешниот директор на Катастар, Славчо Трповски, но и уште тројца вработени во Агенцијата, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава. Според пријавата, осомничените наместо да склучат договор за консултантски услуги со Агенцијата за катастар, тие како физички лица ги склучиле договорите со Републичкиот геодетски завод од Србија, за што наводно искеширале над 54.000 евра.

-С.Т., поранешен директор на Агенцијата за катастар на недвижностите, Е.Д.А., вработена во Агенцијата на работното место државен советник, Г.Г., исто така вработен како државен советник, и С.М., вршител на работи во Агенцијата врз основа на договор на дело поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Во текот на 2016 и 2017 година со намера да стекнат противправна имотна корист пријавените ја искористиле службената положба и овластувањето на начин што без да склучат договор за ангажирање за давање консултантски услуги со Агенцијата за катастар како физички лица склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод од Србија и врз основа на извршените консултантски услуги на трансакциските сметки на пријавените пристигнале парични средства од Народната банка Србија со вкупен износ од 3.344.828 денари за кој износ пријавените го оштетиле буџетот на РМ“, соопшти Управата за финансиска полиција.

За патувањата во Републичкиот геодетски завод во Србија пријавените отворале патни налози и пријавувале патни трошоци за бензин со користење службени возила, подигале дневници од девизната благајна и сето тоа на трошок на буџетот на Агенцијата за катастар.

-Пријавените свесно и со однапред утврдена намера, иако знаеле дека не постои договор за нивно ангажирање од АКН за извршување консултантски услуги во Републичкиот геодетски завод Србија, ја искористиле својата службена положба и на нивните сметки противправно прибавиле 3.344.828 денари по основ надоместок за консултантски услуги“, соопшти финансиската полиција.

Поврзани новости