Кривична пријава за скопјанец и за фирма што узурпирале туѓо земјиште и бесправно користеле вода

by Fokus

Поднесена е кривична пријава против скопјанец и скопска фирма поради узурпирање на недвижности и нивно бесправно користење на вода, во село во Крива Паланка.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Ј.(54) од с.Јурумлери, скопско и правното лице – Друштво за земјоделство, производство, трговија и услуги „ИМВ ЈАКИМ“ ДООЕЛ – с.Радибуш, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во периодот од 04.07. до 07.11.2019, во место викано „Радибушка река“ во с.Радибуш, пријавените без претходно да ја набават потребната техничка документација – елаборат, водостопанска согласност за поставување на бетонски прстен и црево, дозвола за зафаќање на вода, дозвола за преуредување на речното корито и сл., со умисла узурпирале туѓо земјиште во должина од 103 метри во дел од катастарска парцела сопственост на Р.С. Македонија, а водата ја користеле за наводнување на овоштарник, земен под закуп од горенаведеното правно лице за период од 30 години“ информираат од МВР.

Поврзани новости