Кривична пријава за 19-годишник кој „оперирал“ викендички во Маврови Анови

by fokus

19-годишно момче од Леуново, гостиварско, доби кривична пријава поради пет тешки кражби во регионот на Маворо. Како што информираше МВР, голем дел од украдените работи се одземени.

„Секторот за внатрешни работи Тетово – Надворешна канцеларја за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(19) од село Леуново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби. Пријавениот се сомничи дека во периодот од октомври до декември оваа година, искористувајќи го отсуството на нивните сопственици, насилно провалил во пет викендички во Маврови Анови и населбата „Бела вода“ и при тоа нанел материјална штета од 76.500 денари. На 01.12.2018 година Д.Ѓ. бил лишен од слобода и предаден на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од осум дена. Најголемиот дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците“, велат од МВР.

Поврзани новости