Кривична пријава против екс директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески и уште осум лица, го оштетиле буџетот за повеќе од 620 илјади евра

by Fokus 13:27
13:27

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривичнa пријавa против лицата М.Ѓ.И. (46) од Скопје, Д.Б. (54) од Прилеп, И.Н. (34) од Велес, М.В. (32) од Штип, Д.Д. (47) од Скопје, И.Д. (42) од Скопје, Р.Ј. (39) од Прилеп, Г.Г. (42) од Скопје и С.Р. (36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 2015 до 2017 година во својство на раководни лица и членови на управниот одбор на Агенцијата за филм на РМ, сториле кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, при што го оштетиле буџетот на РМ со вкупен износ од 38.221.716 денари.

Имено, Д.Б. во својство в.д. директор на Агенцијата за филм на РМ, во периодот од 2014 година до 2015 година и М.Ѓ.И., во својство на директор на Агенцијата за филм на РМ, во временскиот период од 2015 година до 2017 година, во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување на тој начин што, иако знaеле дека лицето В.Б., како член на филмскиот совет на Агенцијата за филм на РМ, законски неможе да учествува на конкурс на Агенцијата за добивање на парични средства, ниту да учествува во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата, сепак со истиот – како управител или режисер на продуцентски куќи „Панк Филм“ ДООЕЛ и „Фокус Покус Филмс“ ДОО Скопје, склучиле договори за снимање на филмскиот проект „Слобода или смрт“ и долгометражните филмови „Амфитеатарот Скупи“ и „Пијавици“.

- Advertisements -

По незаконски спроведената постапка и склучените договори, Агенцијата за филм на РМ на продуцентските куќи им извршила исплата на парични средства во вкупен износ од 38.221.716 денари. Во извршување на кривичното дело учествувале и другите пријавени лица во својство на членови на Управниот одбор на Агенција за филм на РМ, кои иако знаеле дека постапките за доделување на парични средства за филмски проекти на продуценските куќи се незаконски, сепак ги одобриле спроведувањата на истите.

Поврзани новости