Кривична пријава против четворица вработени во Министерство за економија поради несовесно работење во службата

by fokus

Четири лица од Скопје заработија кривична пријава, за кривично дело „несовесно работење во службата“, како вработени во Министерството за економија, велат од МВР.

„НК КР Делчево поднесе кривична пријава против Т.М.(54), Т.И.(51), П.Н.(39) и О.А.(37), сите од Скопје, сите вработени во Министерството за економија- Биро за метрологија, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавените, како вработени во Биро за метeорологија, издале потврди за отворање на постапката за идентификација на две патнички возила, кои што не ги исполнувале законските услови за легализација, со што овозможиле сопствениците на возилата да се стекнат со право на регистрација“, додаваат од МВР.

Поврзани новости